Најубедлив пораз сезонава на Еурофарм Работник
Во претходните четири порази сезонава во СЕХА и во Лигата на шампионите, Еурофарм Работник губеше само со по еден разлика, но заморот од петте меча во 14 дена придонесе битолчани да бидат надиграни во Брест.

Мешков славеше со 31:22 максимално користејќи ја анемичноста на гостинските ракометари предизвикана од долгите патувања од Шпанија преку Хрватска до Белорусија.
Многуте технички грешки и промашувања од чисти позиции, отсуството на Стјепановиќ и Марковски и повредата на првиот стрелец и организатор на играта, Јотиќ уште во втората минута, беа само една од причините за константата и висока предност на домаќините. Другата беше квалитетот и расположеноста на Белорусите кои почнаа со 6:1, стигнаа до 13:4 во 19-та минута и до највисоки плус 10 во 58-та. Само на стартот на второто полувреме ракометарите на Еурофарм Работник одиграа на ниво, со 5:2 намалија на 21:17, но и промашија два напада за минус три.
Голманот Митревски одигра одлично второ полувреме во коешто собра девет од 11-те одбрани и не му дозволи на првиот СЕХА стрелец, Вајлупов да постигне ниту погодок. Десното крило кое денеска играше како бек остана на шесте гола од првиот дел. Кулак реализираше пет од пет, исто толку гола постигна и Јуринок. И најефикасниот кај Еурофарм Работник, Ојлески дојде до пет погодоци, четири од седум метри. По четири запишаа Граѓан, Ѓукиќ и Велковски.
Со ефект 3:2, битолчани останаа втори во групата Б со шест бода, три помалку од Веспрем и исто толку повеќе од Мешков Брест којшто го оствари само вториот регионален триумф. Натпреварот во Викторија универзалниот спортски комплекс теоретски беше од третото коло, па во шестото овие двее кипи повторно ќе се соочат, но во Битола на петти номеври.
Претходно в недела со пренос на МТВ1 во 17 часот, Еурофарм Работник ќе се обиде првпат да победи во Лигата на шампионите и тоа во домашниот дуел со финскиот првак, Кокс.
