Тенис

Нови членови во тениската куќа на славните

04.03.2014 09:54

Трите грен слем трофеи, Американскиот 1998-та, Вимблдон годината потоа и Австралискиот 2000-тата, како и олимпиското злато од Атланта 1996-тата

Трите грен слем трофеи, Американскиот 1998-та, Вимблдон годината потоа и Австралискиот 2000-тата, како и олимпиското злато од Атланта 1996-тата, се дел од причините Линдзи Девенпорт да биде наградена со место во тениската Куќа на славните. Успешната кариера и сегашната заслуга се надополнува со бројката 55 освоени турнири, потоа три пати како дел од овојувањето на Фед купот и едниот пехар од Хопман купот.

Американката е тенисерка која 98 недели со ред беше на врвот на ВТА поредокот. Таа се вбројува меѓу 4-те тенисерки од 1975 година наваму која на четири наврати ја почнува и завршува годината како светски рекет број еден. Девенпорт во оваа друштво е со легендите, Крис Еверт, Штефи Граф и Мартина Хингис. Се има закитено и со уште едно ласкаво признание во 2005-тата, кога најпрестижно тениско списание ја рангира како 29-та најдобра тенисерка во предходните 40 години.

Покрај Девенпорт, во Куќата на славните место и за петкратната освојувачка на параолимпиското злато Вандиерендонк.

Свое место меѓу великаните најде и тенискиот тренер на сите времиња Ник Болитијери, под чија рака своите успеси ги нижеа своевремено број еден ВТА и АТП имињата, Агаси, Бекер, Куриер, Селеш и многу други.