РОДИТЕЛСТВО

Пипи Долгиот Чорап модел за идеално детство

09.10.2019 11:35

Децата учат само доколку се чувствуваат добро, а воодушевувањето поради новите откритија и осознавањето го поттикнуваат понатамошниот развој на мозокот, вели познатиот германски научник Гералд Хинтер, автор на книгата ,,Секое дете е надарено”.

Од друга страна, ако на детето постојано му зборуваме како треба да се однесува, тоа е дресура.Според доктор Хинтер идеален модел е Пипи Долгиот Чорап, бидејќи децата се раѓаат со различна надареност и поради тоа е многу несериозно  поимот на надареност да се ограничува само на оние деца што се надарени на интелектуално поле.Во денешниот свет сметаме дека е посебно важно ако некој брзо сфаќа, може многу да запамети и има  добро  аналитичко мислење. Но тоа не е секогаш така и најверојатно нема така да остане засекогаш. Можеби по 50 години ќе ги сметаме надарени оние деца кои имаат посебни таленти на социјално или емоционално поле. Кога родителите на детето му ги наметнуваат сопствените копнежи, желби или очекувања, тоа значи дека “можат да му го уништи мозокот во текот на неговиот развој”. Позитивната, отворена околина исполнета со љубов и мотивација, околината што го инспирира детето храбро да го истражи светот е она што правилно влијае на невролошкиот развој. Секое ново откритие, секое ново сознание и способност, во мозокот на детето предизвикува големо воодушевување, какво што ние возрастите не можеме ни да замислиме. Таа воодушевеност од самиот себе и со се она што може да се открие се најважните придвижувачи за понатамошниот развој на мозокот. Во оној момент кога родителите и детето не се обидуваат заеднички да откријат што е добро, туку едноставно на детето му кажуваме што треба да направи, го претвораме во објект на нашите сопствени проценки и вреднувања. Тоа е дресирање. Детето  кое често било третирано како објект има две можности. Поекстровертните деца, оние кои до тој момент имале повеќе слобода и простор за маневрирање во истражувањето, едноставно истапуваат од таа поврзаност и почнуваат наметнувачите да ги третираат како објект и во себе ќе речат “Мама е глупава“. На тој начин повеќе не чувствуваат болка. Некои деца до толку се соживуваат со оваа стратегија, што цел живот ги искористуваат другите за споствена корист и во тоа дури се и многу успешни. Интровертните деца  самите себе се претвораат во објект на вреднување, тие си велат “Јас не знам ништо, јас не вредам ништо“. Тоа е став кој во пубертетот неретко води до автодеструктивно однесување како што е булимијата. Родителите мораат да ја задржат водечката позиција, но воедно мораат на детето да му го дадат сиот простор кој му е потребен за да се чувствува како субјект. Со еден збор, детето мора да учествува во обликувањето на  целиот процес, бидејќи тоа е единствениот начин кој може да го развие инстинктот на предаденост и воодушевувањето за нешто. Стратегијата на дресирање воопшто не помага. Најголемиот совет  според доктор Гералд Хинтер е родителите да им овозможат на децата дружење и со други возрасни личности за да стекнат повеќе искуство. Бабите и дедовците, роднините,  соседите, колку повеќе луѓе запознава, толку се поголеми шансите помеѓу нив да најде некој кој ќе го гледе и ќе го сака такво какво што е. Во друштво со таква личности  или со неколку такви, детето ќе има можност да се развива отворено и да го искористи сиот свој потенцијал. Токму како Пипи Долгиот Чорап, таа одговара на тој модел. Пипи е посебна, дива и тврдоглава, но таа е воедно и страв за секој родител. Но затоа пак има бујна фантазија, одговорна е за своите постапки, пресретлива е и лесно се воодушевува. Пипи Долгиот Чорап развила неверојатен потенцијал. Многу е веројатно дека родителите повеќе ќе уживаат со таквото дете, отколку некое кое се прилагодува на родителските барања, додека не дојде до тоа да не може самото себе да се поднесе.. Децата учат само кога се чувствуваат добро, а родителите треба максимално да се потрудат да направат здрава и пријатна средина за детските фантазии.