ФЕСТИВАЛ

13 –то издание на фестивалот „Златна Лира“

09.10.2019 11:42

Сојузот на музичките уметници на Македонија под покровителство на Министерството за култура на Северна Македонија , на повеќе локации во Скопје, по 13 пат го организира фестивалот „ЗЛАТНА ЛИРА“.

Фестивалот свечено ќе биде отворен на 16 октомври со концертот на Дуото Гелебешеви, а затворен на 31 октомври,кога свечено ќе бидат доделени и традиционалните награди на СМУМ.

Наградата „Златна лира“ за успешна работа во изминатата година, оваа година  му се доделува на баротонот и композитор Горан Начевски, додека наградата „Златна лира“ за животно дело ќе му биде доделена на Велко Тодевски, контрабасист  и долгогодишен  професор на ФМУ.