КОНЦЕРТ

Концерт на кларинетистот и композитор Васко Дуковски

09.10.2019 11:44

На 22 октомври во Скопје , во салонот 19.19 ќе одржат концерт светски познатиот кларинетист и композитор Васко Дуковски во соработка со Проф. Петар Колевски и пијанистката Шунјин Ванг од Кина.

На концертот под наслов “Marching Forward” ќе бидат изведени дела од стандардниот кларинетски репертоар како Менделсон и Понкиели но и современи дела кои ќе ја презентираат новата естетика на кларинетска музика од 21 век. На програмата ќе прозвучат и дела од македонски композитори вклучувајќи ја и светската премиера на “Marching Forward” од Васко Дуковски.