,,Родова еднаквост“
Конференција ,,Жени во индустријата“

Нема да запреме со спроведување на политиките за родова еднаквост се додека не обезбедиме девојките и жените да имаат апсолутно еднакво право да напредуваат во нивните работни кариери и да бидат избирани на највисоки работни позиции, изјави премиерот Зоран Заев во обраќањето на третата меѓународна конфренција ,,Жените во индустријата“ што ја организираа Асоцијацијата на здруженијата на инженери и ,,ЕВН-Македонија“.
Двтон Христина Спасевска-претседател на Асоцијацијата на здруженија на инженери
,,Имаме впечаток дека жените се добри студентки,завршуваат факултети и дури научно напредуваат.Но кога станува збор за добивање топ позиции во компаниите тоа многу ретко се случува.Нашата идеа на претходните 2 конференции беше да се работи токму со нив , да се охрабрат и да се обидат да ги заземат позициите што им припаѓаат според квалитетот.“
Анализите за родовата застапеност во Европа покажале дека во пост комунистичките земји на источна и централна Европа балансот меѓу мажите и жените на позиции е подобар во однос на високо развиените демократски општества,вели Спасевска.
Двтон Штефан Петер- претседател на управниот одбор на ,,ЕВН-Македонија“
,, Како дел од индустрија во која доминираат мажи, сакаме да придонесеме кон уривање на стереотипите и преку сопствен пример да покажеме дека жените играат важна улога во компаниите и даваат незаменлив придонес во сите општествени активности “.
Родовата еднаквост не е важно прашање само за жените туку и за општеството во целина, но и за бизнисот,вели Петер ,затоа што бизнисот не може да напредува доколку половина од популацијата на човечки ресурси е надвор од тековите и не е вклучена во бизнисот и особено во техничките работни позиции .
На панелите на Конференцијата за жените во индустријата беше нагласено дека еднаквоста на пазарот на труд може да ја поттикне мотивираноста, охрабрувањето и вклучувањето на жените, и ќе придонесе значајно за долгорочниот раст на економијата.Свои излагања имаа жени на раководни менаџерски позиции ,извршни директори,сопственички на компании,,како и експерти од : Австрија , Италија , Холандија и Шведска.
Свето Николовски
