УЧИЛИШТЕН ИНФОРМАТОР

ИоТ Аквапоничен рециклирачки систем

10.10.2019 09:36

Преку повикот на Фондот за иновации- „Предизвик за млади истражувачи“, ООУ„Лазо Ангеловски“, Скопје, успешно го реализира проектот „ИоТ Аквапоничен рециклирачки систем“.

Една од целите на современите образовни системи е да ги поттикне учениците слободно да размислуваат и да наоѓаат креативни решенија за проблемите и за прашањата со коишто се соочуваат.  Младите луѓе имаат можност да се инволвираат во општественото живеење, да размислуваат креативно и да остават белег на денешницата преку реализацијата на иновативни идеи и акции.

Преку повикот на Фондот за иновации- „Предизвик за млади истражувачи“, ООУ„Лазо Ангеловски“, Скопје, успешно го реализира проектот „ИоТ Аквапоничен рециклирачки систем“.

Основната  дефиниција на Aquaponics  е комбинација од aquaculture (одгледување риби) и hydroponics (одгледување растенија во вода, без земја) во еден интегриран систем. Тврдиот отпад од рибите се претвора во vermicompost којшто служи како храна за растенијата.

Целта на овој систем е да бидеме еколошки одговорни кон нашата средина преку производство на органска храна со употреба на мала количина вода и минимална потрошувачка на електрична енергија.

 

Подготви

Радмила Гиевска