Јадете здраво во есен за безгрижна зима
Со преминот од една сезона во друга, не само што се менува температурата, туку и понудата на храната. Есента е повеќе од обилна во таа смисла.

Убавите сочни, ароматични плодови во светли бои и богати ароми, ќе го загреат вашето тело и душа за време на мрачните есенски денови, но исто така ќе ви помогнат да ја зачувате вашата линија или да изгубите тежина. Eвенеколку совети која храна треба да се јадете почесто во есен...Јаболкa тие содржат големи количини на влакна - хранливи материи кои даваат чувство на ситост и помагаат во варење на храната. Покрај тоа, со консумирање на јаболка, во вашето тело внесувате антиоксиданти, кои се многу важни во спречување на канцер.Следуваат Крушите..Како и јаболкото, тие се одличен извор на растителни влакна. Ако јадете една круша на ден, ќе внесете четвртина од дневните потреби на влакната.Свежата тиква е полна со растителни влакна и бета-каротен. Можете да ја консумирате на најразлични начини - печена, како пире, во пита, конзервирана или свежа. За уште побогат вкус, додадете зачини како цимет или кари.Нитратите што се наоѓаат во цвеклото можат да го намалат крвниот притисок и да ви помогнат да закрепнете од вежбање. Веројатно сте виделе дека тркачите пијат сок од цвекло, откако ќе завршат со трчање, бидејќи цвеклото спречува исцрпеност.Калинка...ова сочно овошје има многу полифеноли кои ги штитат клетките од слободните радикали, додека нудат и голема количина на витамин Ц.Јадете и карфиол Со една чаша од него добивате оптимална дневна количина витамин Ц, како и витамини А, Б6 и калиум.Она што им заедничко на сите овие намирници е тоа што имаат многу малку калории. Затоа се одличен избор за одржување на линијата.Помалку или повеќе сите ние го чувствуваме недостатокот на светлина во текот на есенскиот период кој всушност е период кога треба да се адаптираме на пониските температури што следат. Без оглед на причината, заради којА ги менуваме нашите прехрамбени навики, важно е да се свати дека есенската храна супи, чорби, слатки компири, јаболка, тикви и сите видови зеленчук кои ги има во есен всушност се здрав избор Имајте на ум дека откако ќе ги вратите стрелките на часовникот назад, станува потемно, температурите се пониски, периодот дождлив, и времето поминато пред телевизор и компјутер е многу по долго одколку во летниот период. Додека седите пред телевизор, внимавајте на изборот на грицките. Наместо чипс изберете нискокалорични оризови галети, Внесувајте храна богата со омега 3 масни киселини зашто штити од депресија. Јаткасти плодови, микс на семки од тиква и сончоглед, сусам и ленено семе, не се само популарни здрави грицки, туку претставуваат богатство кое ги содржи овие здрави масти.Бидете сигурни дека внесувате доволно протеини,Спијте повеќе, луѓето кои спијат помалку од шест часа во текот на ноќта се изложени на поголем ризик да се разболат во сезоната на вируси. Убавите временски прилики есенва искористете ги за прошетка или планинарење за да имате прилика од близу да уживате во боите на есента.
Новинар Лидија Чакар
