ЧЕСТИТКА МИЦКОСКИ

11 октомври пример за македонскиот непокор

11.10.2019 13:30

На овој голем ден македонскиот народ се крена во борба против фашизмот и ја продолжи борбата за Македонска држава на илинденците и на цела една плејада нивни претходници.

Ова беше голема победа за нашиот народ, но и придонес за слободата во Европа, се вели во честитката до граѓаните упатена од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ  Христијан Мицкоски. Денес Македонија е притисната од нови предизвици, тешко секојдневие и несигурност. Сиромаштијата и корупцијата ја загрозуваат иднината, а лошото здравство, уништеното земјоделие, недостиг на реформите, иселувањето го разјадуваат нашето општество  и ова  заедно мораме да ги смениме, да ја донесеме обновата и да градиме иднина ,се вели во честитака на Мицкоски до граѓаните.