ИНОВАЦИИ

,,Израелски искуства со иновации“

13.10.2019 17:14

Израел е меѓу водечките земји во светот според примената на нови технологии во повеќе области.

Сепак доминираат информатичко комуникациските  технологии,нано технологиите,медицината, аеронаутиката, вештачките сателити , земјоделството . Системот на подршка на стартапите е скоро со 7 децениско искуство. Малкумина знаат дека првиот вграден стент во медицината е израелски пронајдок ,усб-меморијата истотака,а сега и говорната направа за  вештачки вид што препознава слики,пари,памети до 100 лица по име  и презиме,кредитни картички,а се носи на рамка за наочари. 

Двтон  Рафи Фишер- ,, Or Cam MyEye“

,,Со нашиот паметен уред оспособуваме десетици илјади луѓе кои се слепи или имаат оштетен вид. Им овозможуваме да работат, да функцонираат нормално во секојдневниот живот.“

Уредот се користи во четириесеттина земји  во светот.Комуницира засега на 25 јазици ,а од регионот на  бугарски ,руски и чешки,а во земјава како донација наскоро ќе го добие девојче од Битола. Израелските иноватори од стартап компаниите најавуваат дека во втората  половина од  идната година ќе биде претставен ефикасен  лек за акни ,а интензивно се работи на  лек што ги препознава туморите и го олеснува нивното лоцирање. Моделот на поддршка на стартапите Израел го креира во 1948 година кога за кратко време се доселуваат милион нови жители ,а земјата се соочи со голема невработеност .

Двтон   Претставник  на Агенцијата за иновации и развој на Израел

,,На почеток креиравме инкубатори што беа подржани со  јавни и со приватни средства.Државата го преземаше  најголемиот дел од ризикот  и имаше   85% од  уделите во стартапите што беа креирани во акцелераторот  во соработка со приватниот сектор. Успеавме да развиеме  различни инкубатори  на повеќе локации  во земјава и да имаме силна национална експанзија,бидеејќи сакавме да ја придвижиме вработеноста не само во  метрополата,  туку и на северот и на југот .“

Сега иновативните проекти и  стартапите  се поддржуваат со буџет од 1,6 милијарди шекели, односно  470 милиони долари.Од Агенцијата велат дека никогаш проектите не се поддржуваат со повеќе од половина од вкупната вредност,  со што се охрабрува приватниот  капитал  да инвестира во иновативни потфати.

Свето Николовски