Реставрирани италијански филмови во Кинотеката на Македонија
Љубителите на старото добро кино овој месец ќе имаат уникатна можност од 20 октомври до крајот на месецот да ја проследат реставрирани италијански филмови во рамките на ,,Неделата на италијанскиот јазик во светот 2019”.

Се работи за наслови кои се снимени од почетокот до крајот на 20-ти век.
На втората вечер на ,,Неделата на италијанскиот јазик во светот 2019”,ќе биде прикажан филмот ,,Кабирија” од 1914 година. Филмот бил инспирација и за пионерот на американската кинематографија Дејвид В. Грифит за неговите епски остварувања. Проекцијата на филмот ќе биде проследена со музика во живо во изведба на Марио Маријани од Италија.
Неделата на италијански реставрирани филмови ги содржи и дебитантскиот филм на Бернардо Бертолучи, ,,Мрачниот жетвар” од 1962 година, но и неговиот можеби најконтроверзен филм, ,, Последното танго во Париз”, реализиран една деценија подоцна. Во Неделата на италијански реставрирани филмови ќе бидат прикажании реставрираните филмови на класичните дела на големите мајстори на филмот ,,Толку се сакавме” и ,,Тerasata ” на Еторе Скола , ,,Италијанци се добри луѓе” на Џузепе де Сантис, ,, Црвениот терен” на Нани Морети, како и првиот американски филм на браќата Паоло Тавијани и Виторио Тавијани, ,,Добро утро, Вавилон”.Настанот е поддржан од Амбасадата на Италија во Скопје, и Експериментален центар за филм и фотографија – Национален филмски архив – Рим
