Маскираниот е несопирлив

04.03.2014 10:28

Леброн Џејмс (кој што игра со маска на лицето поради фрактура на носот) го постави личниот рекорд со 61 поен, во убедливата победа на Мајами против Шарлот (124:107). Четирикратниот МВП постигна 24 поени во првото полувреме и уште 25 во третиот период, ги погоди првите 8 обиди за тројка и ги надмина 56-те поени што беа неговото најдобро остварување на еден натпревар во дресот на Кавалирс во 2005-та.
 
Рекордот на сезоната се 62-та поена на Кармело Ентони, кој што синоќа постигна 28 поени, во седмиот последователен пораз и 13-ти во последните 15 натпревари за втората најскапа екипа во НБА лигата. Андре Драмонд постигна 17 поени, но имаше за него рекордни 26 скокови, во победата на Детроит против Њујорк (96:85), со што Пистонс ја прекинаа серијата од 4 порази.
 
Бруклин Нетс го скротија Чикаго (96:80) по четири победи во серија и 9 во последните 10 натпревари за Булс, на плеќите на Дерон Вилијамс и Џо Џонсон, кои што постигнаа 20, односно 19 поени. Тајшон Принс со 21 поен беше најдобриот стрелец на Мемфис, во победата на Гризлис против Визардс (104:110). Кај поразените, Вол имаше 23.
 
На другите средби:
 
Милвоки - Јута 114:88
Портланд - Лејкерс 106:107
Денвер - Минесота 128:132
 
Сакраменто - Њу Орлеанс 96:89