АПЛИКАЦИИ

Рок за пријавување субвенции за предадено јаболко

14.10.2019 10:38

Тече пријавувањето за финансиска поддршка за произведени и предадени јаболка од ланската реколта.

Рокот е до 15 октомври, а износот кој треба да го добијат овоштарите е три денари за килограм. Поднесувањето на барањета е електронски.

До 15- ти октомври, сите земјоделци кои произвеле јаболка од реколта  од 2018- та година и за количествата што ги предале на регистриран откупувач во периодот од 12- ти октомври 2018- та до 25-ти јуни 2019 – та година, ќе можат да поднесат барања за добивање на финансиска поддршка за произведено и предадено јаболко.

Висината на оваа финансиска поддршка е 3 денари по килограм за предадено јаболка кај регистрирани откупувачи по цена не повисока од пет денари за килограм.

Поднесувањето на документите за добивање на оваа поддршка, почна од 16- ти септември и ќе трае до 15-ти  октомври 2019 – та година.

Сите земјоделци кои ги исполнуваат условите за добивање на оваа субвенција, ќе може да аплицираат електронски, и во барањето треба да достават и потврда за предаденото јаболко во преработувачкиот  капацитет.

Оние овоштари кои не се во можност сами електронски да се пријават, ќе можат да се обратат за помош во сите подрачни единици на Министерството за земјоделство.