Градиме мостови
Учениците ја примија пораката дека заедничката дружба е алатка за постигнување поголемо меѓукултурно разбирање и почитување на разликите.

Во склоп на проектот Денови на меѓуетничка интеграција: „ГРАДИМЕ ЗАЕДНИЧКА ИДНИНА-ГРАДИМЕ МОСТОВИ“ беа спроведени следниве активности:
Во „Школка“ Градски Парк, Скопје, беше одржана свечена манифестација во организација на ОБСЕ (OSCE-Organization for Security and Co-operation in Europe, Mission to Skopje). На манифестацијата присуствуваа околу 1000 ученици од 30 училишта од нашава држава, вклучени во овој проект. За самиот настан говореше Министерот за образование и наука, Арбер Адеми и господинот H.E. Clemens Koja (OSCE Head of Mission to Skopje). По нивното излагање следеше пригодна програма, наменета за учениците коишто присуствуваа на свеченоста и тоа: хорско пеење, ритмички и спортски перформански, Зумба танцување, R’n’B со вокалот Kanita Suma, Тони Зен и Флека Бенд изведба во живо, како и најразлични улични артистички групи-Жонглери, Магионичар, Акробати, Кловнови, Цртачи на лице, одење по јаже и спортски активности-карате-ката во презентација на KK Yoshitaka, фудбалски натпревари, рачен фудбал, кошарка и пикадо. Учениците од ООУ„Дане Крапчев“ активно учествуваа и преку сите овие активности ја примија пораката дека заедничката дружба е алатка за постигнување поголемо меѓукултурно разбирање и почитување на разликите.
Целите на проектот беа постигнати: Учениците да се дружат во и надвор од училиштата, без оглед од која средина доаѓаат и од која етничка заедница припаѓаат, како и презентација на нивните таленти и активности.
Подготви
Радмила Гиевска
