ФЕСТИВАЛ

Скопски џез фестивал

14.10.2019 12:31

Наградата „Златен орикс“ за Андреа Мирческа

Годинешен добитник на  наградата „Златен орикс“  е џез-контрабасистката Андреа Мирческа, апсолвентка е на Факултетот за музичка уметност во Скопје која е дел од повеќе уметнички проекти во Македонија поврзани со џез музиката. Мирческа е првата  жена  добитничка  на оваа награда од почетокот на нејзиното воведување. Наградата традиционално трета година по ред се доделува во рамките на Скопскиот џез-фестивал. Доделувањето на наградата „Златен орикс“ ќе се одржи на 15 октомври  во 20 часот во Младинскиот културен центар.. Наградата е под покровителство на  компанијата „Катар ервејс“.