ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ

Димитров во комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент

14.10.2019 17:52

Последен обид за издејствување на почеток на преговори заслуживме преговори со Европската Унија . Влогот е голем и за Унијата.

Се надевавме на преговори лани и на советот во јуни кога одлуката беше одложена, и сега во октомври не е -дали треба да почнеме преговори туку и целата политика на проширување е ставена во прашање, изјави шефот на дипломатијата Димитров во Европскиот парламент. Почнувањето на преговорите ќе биде добар сигнал за земјата, регионот, но добро и за унијата, бидејќи заедничка е целта регионот стане европски, рече шефот на дипломатијата.  Го повика Европскиот совет да ја направи вистинската работа.

Изјава Никола Димитров-министер за надворешни работи

„ Исклучително е важен позитивниот исход за преговорите. Над 90 проценти од граѓаните и сите партии поддржуваат влез во еу. Ова е и домашена задача ако сакаме младите да не си одат од земјата, а преговорите се инструмент за ова.Ја разбираме француска иницијатива за реформа, важен е предложениот нов преговарачкиот процес и граѓаните нема ништо да загубат ако има повеќе проверки, го поддржуваме, но кредибилитетот на ЕУ зависи од тоа дали ќе се наградат постигнувањата. Перспективата е важна. Многу ќе ми биде тешко да кажам дека нема одлука по 10 препораки, но по 11-та ќе успееме.Тоа ќе не направи послаби за реформи. Видливата перспектива е важна за реформите во регион.“

Европратениците побараа од Советот конечно да ги почне преговорите бидејќи Северна Македонија е дел од Европа. Финска како претседавач со унијата предлага датум и усвојување на нова методологија за пристапните преговори според барањата на Франција. Ако се усвои овој компромисен предлог, меѓувладината конференција меѓу земјите-членки на ЕУ и земјава би се одржала во првата половина од 2020-та, се наведува во нацрт-резолуцијата на претседавачот Финска.