УЧИЛИШТЕН ИНФОРМАТОР

Донација на книги

15.10.2019 09:40

„Подари им книга на другарите твои и со нив сподели знаења свои“
„ Прочитав јас - прочитај и ти“

Учениците од ООУ„Дане Крапчев“ од општина Гази Баба - Скопје, членови на драмско-рецитаторска, новинарска и литературна секција поттикнати од одбележувањето на „Месецот на книгата“ и на „Денот на јазиците“, а со поддршка на предметни наставници по македонски јазик, одделенските наставници од I до V одд., библиотекарот од училиштето, спроведуваат акција под мотото:

„Подари им книга на другарите твои и со нив сподели знаења свои“

„ Прочитав јас - прочитај и ти“

 Целта на акцијата е учениците да го збогатат училишното катче, библиотека - медијатека  со разновидна  домашна и странска литература што ќе може да ја користи секој . Читајќи книги да уживаат во пишаниот збор, да ги збогатуваат своите знаења и да ги прошируваат своите погледи кон светот. Да читаат за полесно да чекорат напред.(во живото

За таа цел  повикани се сите ученици, родители, наставниците, сите заедно да донираат книги од македонската и од странска литература (германска, англиска, француска, спрска, албанска........) ,да бидат успешни и да ги уживаат благодатите од пишаниот збор . Читајќи книги на разни јазици да ги осознаваат вистините, да ги искажуваат своите внатрешни чувства преточени во најубавиот пишан збор.

Акцијата ќе биде спроведена од 7 до 18 Октомври. Подвижниот штанд ќе поминува секој ден во секоја паралелка каде што ќе можат да се предадат  донирани книги во коишто може да се напише лична  посвета. - Книгата е подарок што можеш да го отвораш одново и одново.

Последниот ден, донираните книги ќе бидат изложени во училишниот хол. Секој ќе може да ги разгледа, а потоа и да ги користи. Ќе бидат истакнати најуспешните донатори и ќе им бидат доделни  благодарници.

„Книгите се најтивки и најконстантни пријатели – најдостапни и најмудри советници, но и најтрпеливи учители“

Не чекајте, донирајте и читајте!

 

Подготви

Радмила Гиевска