Европски ден на органодарители
Повеќе донори-поголема надеж!

Секоја година Европскиот ден за донација и трансплантација на органи (ЕООD) обезбедува информации за донација и трансплантација на органи, ткива и клетки. Секој час по шест нови пациенти се додаваат на листите на чекање за трансплантација во Европа. Бројот на болни во Европа кои чекаат за орган продолжува да расте. И оваа година, EDQM ги повикува сите граѓани да размислуваат за проблемот со недостиг на орган кој остава илјадници пациенти да бидат на листа на чекање. Голем дел од нив умираат чекајќи орган за трансплантација.
Денеска Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“ ќе го одбележи Европскиот ден на органодарителството. Традиционално осма година по ред здружението во соработка со надлежните институции, медицинските професионалци и своето членство ќе сподели искуства, предизвици и барања на пациентите во однос на дарувањето органи и трансплантацијата. Пациентите кои имаа можност да добијат подарен орган ќе споделат свои искуства од живеењето на „вториот“ живот. Како што соопштува здружението „Нефрон“, во чест на сите оние кои подарија орган како дел од себе или дел од своите блиски и со тоа овозможија нов живот ќе биде засадено Дрво на благодарноста.
Повеќе донори – поголема надеж! Биди донор- биди херој. Дарувај орган, подари ЖИВОТ!
Анита Никушева-Јованчев
