Здружение на пензионерите на општина Центар
65 години од основањето и успешното делување на едно од Здруженијата со најдолга традиција

Здружението на пензионерите на општина Центар е едно од здруженијата со најдолга традиција и богата историја на активности и заложби за подобар и поквалитетен живот на пензионерите од оваа општина. Годинава прославува значаен јубилеј- 65 години од основањето и успешното делување, што е повод за организирање на свечена прослава. По поздравните говори на дел од раководството, претседателот на Здружението, господинот Павле Спасев, ќе им додели плакети на истакнати личности-пензионери од оваа општина, на кои ќе им изрази благодарност за континуираниот придонес во афирмацијата на ова здружение. Во рамки на прославата ќе биде организиран и заеднички ручек што е уште една можност повеќе за евоцирање спомени, меѓусебно дружење и забава на лицата од трето доба.
Општина Центар во изминатите години има остварено одлична соработка со Здружението на пензионерите кои се најбројни токму во оваа општина. Соработката се базира на меѓусебен договор и взаемно учество во реализација на разни програми и активности кои имаат за цел остварување на поквалитетен живот на пензионерите.Тоа го потврдува и градоначалникот, Саша Богдановиќ кој лично ќе им го честита 65- годишниот јубилеј на членовите од здружението на пензионерите на општина Центар
Јасмина Никова
