Почнува ,,Кавадаречка културна есен 2019”
Со настапот на фолклорниот ансамбл “Тиквеш“ кој работи при
Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ од Кавадарци и настап на ученици и професори од кавадаречкото основното музичко училиште “Лазо Мицев Рале“.

Вечерва во Кавадарци почнува традиционална манифестација ,,Кавадаречка културна есен 2019”
Во наредниот месец на манифестацијата се планирани над 30
културни и уметнички настани – концерти на класична музика, фолклорен фестивал, ликовни изложби, работилници од областа на театарот, фолклорот и фотографијата, а
ќе се оддржи и “Месец на театарот во Кавадарци“ по повод 90 години од првата официјално одиграна театарска претстава во Кавадарци.
Во рамките на месецот на театарот ќе бидат изведени театарските претстави на аматерскиот театар од Кавадарци, а ќе гостуваат и неколку на професионални театарски ансамбли. Манифестацијата официјално ќе биде затворена на 15 ноември..
