ЗЛАТНА ЛИРА

Пијано дуото Гелебешеви уревечер го отвора фестивалот „Златна лира“

15.10.2019 14:49

Пијано дуото Гелебешеви во состав Карерина Гелебешева Костадиновска и Глигор Гелебешев уревечер ќе го отвораат фестивалот„Златна Лира“ кој го организира Сојузот на музичките уметници на Македонија.

Концертот ќе се одржи во Музејот на револуционерната борба во Скопје, а на програмата се дела од Јоханес Брамс, Самуел Барбер, Морис Равел и Џоакино Росини.

Фестивалот ќе се реализира на повеќе локации низ главниот град со концерти на пијанистката Даница Стојанова, виолинистот Љубиша Кировски, триото „Аура“’, а за прв пат во Македонија ќе настапат Хенрик Блажеј на флејта и Тереза Кабан на пијано од Полска.