Имаме право на среќно детсво
Членовите на Детската организација изработија проект за детските права и за одредбите од Конвенцијата за правата на детето.

По повод Недела на детето во ООУ ,,Ацо Шопов” – Радишани – Скопје со низа активности беше одбележана Детската недела под мотото ,, Имаме право на среќно детсво!” Во текот на неделата активно учествуваа членовите на секциите и нивните одговорни наставници.
На почеток на часовите на одделенските заедници се истакнаа правата на децата и се читааа членови од ,,Декларацијата за правата на децата”.
Потоа, членовите на Детската организација изработија проект за детските права и за одредбите од Конвенцијата за правата на детето и истиот е истакнат во аулата на училиштето. Првачињата со нивните одделенски наставнички ја посетија детската градинка ,, 11- Октомври ”.
Учениците од прво одделение заедно со нивните одделенски наставнички ја посетија библиотеката ,,Браќа Миладиновци” - во населбата Радишани и се запознаа со редот во библиотеката, со начинот на позајмување, читање и враќање книги, а наедно се развиваше љубовта кон читање книги.
По повод ,,Приемот на првачињата во Детската организација” беше организирана културноуметничка програма. Секоја паралелка од прво одделение изработи постер ,,Дрвo” на кој ги испечатија нивните рачиња и истите беа истакати на приредбата. Навремено беа запознаени со стиховите содржани во текстот на ветувањето и ги повторија на свечениот чин. Првачињата учествуваа на приредбата со хорово рецитирање на изучена песна. Манифестацијата беше проследена од нивните најблиски.
Подготви
Радмила Гиевска
