Финансиска поддршка за рибен подмладок
Со 7,5 милиони денари државни пари ќе се финансира зголемувањето на рибниот фонд .

Порибувањето и годинава е обврска на концесионерите кои за оваа активност ќе се субвенционираат.
Сите кои имаат рибници и во период од 1- ви јули до 30 – ти септември обезбедиле подмалдок, односно, порибителен материјал од сопствено или признаено производство, ќе може да аплицираат за поврат на 40 проценти од вредноста на инвестицијата. Краен рок за доставување на барањата за исплата на средствата е 25- ти октомври 2019 – та година.
Право на користење на оваа финансиска поддршка имаат сите кои поседуваат дозвола за производство на порибителен материјал и кои немаат немаат увезено жива риба за која ја бараат субвенција во периодот од декември 2018 до декември 2019 година.
Субвенците се исплаќаат скалетсто и тоа 100 проценти за подмладок до 2.500 килограми, од 2500 до 5000 – 75 отсто, до 7500 – 50 и за над 7500 килограми 25 проценти од вредноста на утврдената цена на подмладокот.
Финансиската поддршката се доделува по принципот прв дојден прв услужен, а барања се доставуваат во платежната Агенција.
