Ако денот по утрото се познава
Последно утро на претсезонските тестирања во Бахреин. Моторите на Мерцедес и Ферари константни, искра надеж за Рено.
Валтери Ботас со болидот на Вилијамс-Мерцедес беше најбрз на претпладневната сесија од последниот ден на претсезонските тестирања во Формула 1. На патеката Ботас остана цели 60 кругови, двојно повеќе од Фернандо Алонсо со Ферари кој постави второ време се 7 десетинки зад Ботас.

За добрите перфоманси на агрегатот на Мерцедес потврда е и одличното време на Нико Хулкенберг со болидот на Форс Индија , додека искра надеж за подобрување на моторот на Рено е 4-от резултат на Жан Ерик Верњ со болидот на Торо Росо и уште повеќе што на патеката остана 43 круга.
Актуелниот шампион Себ Фетел уште на стартот ја прекина сесијата поради излетување, наводно поради проблеми со сопирачките, но остана 44 круга на патеката, а само 5 круга извозе Луис Хамилтон по серизните проблеми со менувачот.