Децата учат само ако се чувствуваат добро
Децата знаат каков може да биде животот. Кога некое дете има чувство дека околината не го гледа онакво какво што е, туку дека треба да биде поинакво, да го воспитуваат за да биде поинакво, тогаш тоа се чувствува како објект.

Некој за кого воспитните мерки се однесуваат како кон објект не може да се чувствува поврзан, тој се чувствува исклучен. Детето кое оди во трето одделение, а мајката се уште го држи за рака додека го носи на училиште, ја нема доволната потреба за автономија. Кога така се кршат нечии потреби, таа личност чувствува болка. Науката потврдила дека секој пат кога не се задоволуваат таквите темелни потреби, во мозокот доаѓа до активирање на истите невронски обрасци како кога чувствуваме физичка болка. Мозокот за сигнализација од пореметувањата на социјалните односи ги користи истите мрежи на неврони кои го сигнализираат и пореметувањето во сопственото тело. Бидејќи тоа боли, детето не може да се грижи за ништо друго – посебно не за математика или за некоја песничка – туку за тоа патењето да стане подносливо. Поради тоа децата можат да учат само ако се чувствуваат добро. Таквите темелни психички потреби донекаде можат да се задоволат со барање заменски задоволства. Кога детето не го добива она што вистински му треба, го зема она што може да го добие. А тука децата ги пречекува цела една индустрија. Втората стратегија е уште пофатална. Некои деца забележуваат дека заменските задоволства и не функционираат најдобро. Се уште чувствуваат болка поради тоа што го немаат чувството на вистинска припадност, таква каква што треба да е. На ваквото дете не му преостанува ништо друго освен да отапи за таквите чувства. А тоа значи дека на тоа подрачје во мозокот се создаваат инхибициски синапски пречки кои го потиснуваат чувството на болка во мозокот. Сите познаваме такви деца. Тие се исклучени, не смеат да играат фудбал заедно со другарите и велат: ,,Баш ми е гајле!“ На крајот на тој процес повеќе не ги боли ниту тоа што не припаѓаат, а ниту тоа што другите мислат дека тие не се во состојба да направат добро. Таквите деца не само што повеќе не ги чувствуваат таквите проблеми, туку почнуваат да не се чувствуваат ниту себе си. Тоа значи дека веќе немаат чувсво за физичка болка. Поради тоа не треба да не чуди што веќе во училишна возраст децата заболуваат од разни болести. Психијатрите велат дека никогаш не е предоцна и тој процес може да се поништи. Но за да се поништат негативните влијанија, детето мора да запознае личност која самата е во потрага по богатсво, личност која не сака за ништо да го подучи, туку сака да му помогне да го развие она што веќе го носи во себе. Тоа е она што психолозите го сматаат за одлучувачки фактор за успешен процес на учење. Способноста на учителот да се соживее со својот ученик, за да почувствува што му е потребно. На некои деца можеби им е потребно повеќе структура, некои повеќе слобода, а некои задоволување на некои незадоволени потреби. Ако учителот ја има таа способност, тогаш се функционира. Се разбира, ова може да се интерпретира на различни начини. Но она што е потврдено низ истражувањата, всушност е многу едноставно, тоа не се учи на факултет. Константните обиди за професионализација на учителите, всушност го заобиколуваат она што е вистински важно, ставовите и настапот, а тоа се стекнува со искуство. Она што е вистински важно во животот е учење од искуството. Сето она учење напамет кое се практикува во училиштата само го оптоварува мозокот. Па така нашите матуранти после две години ќе заборават 80% од она што го ,,научиле” во училиште.
