КРИВА ПАЛАНКА

Почнуваат Есенските музички вибрации

16.10.2019 13:45

Вечерва во Центарот за култура Крива Паланка почнува дводневното издание на манифестацијата ,, Есенските музички вибрации.”

Првата вечер од манифестацијата ќе ја одбележи концертот на оперските пеачи  Славица Галиќ-Петровска, Нада Талевска Спасовска и Васко Здравковски во пијано придружба на Андреј Наунов. На втората вечер на манифстацијата ќе настапи  ,,Маестозо трио”  кое го сочинуваат трубачите Гоце Цоневски, Стојанчо Костовски и пијанистката Елена Силјаноска.