ОПШТИНА АЕРОДРОМ
Спортски игралишта
16.10.2019 14:37
Општина Аеродром спроведе акција за обновување и поставување нови табли на кошевите на спортските игралишта низ целата нејзина територија.
Деновиве повеќе спортски игралишта добија обновени стаклени табли на кошевите, и тоа во близина на детските градинки „Лале“ и „Чекорче“, во дворот на основното училиште „Ѓоргија Пулевски“, како и игралиштето во близина на кулите на турската компанија „Џевахир“. Од општина Аеродром соопштуваат дека и и во наредниот период ќе продолжат со ваквите активности за обнова и санација на реквизитите на спортските игралишта, за да се обезбедат подобри услови за спортување и јакнење на спортскиот дух.
Анита Никушева- Јованчев
