,,Пристигнала 41 понуда за премии за струја од фотоволтаици на приватно земјиште“
Интересот на инвеститорите за тендерот за доделување премии за струја произведена од сончеви електрани на приватно земјиште потврдил дека новиот модел на премиуми донел намалување на субвенциите ,во некои случаи дури и целосно.

Беа понудени четири катерогии на моќност до најмногу 3 мегавати, а на јавниот повик пристигнала 41 понуда.
Двтон Кочо Анѓушев-вицепремиер за економски прашања
,,Од 0 до 200 киловати имаше 11 понуди ,од 201 до 500 имаше 10, од 501 до 1000 имаше 19 понуди,а од 1001 до 3000 киловати имаше 4 понуди.Практично со овие 18 мегавати , во една година три пати се дуплира инсталираната моќност на фотоволтаици“
Идната недела ќе биде потпишан договорот за градба на сончева електрана со моќност од 10 мегавати во Осломеј ,каде ќе инвестира ,,ЕСМ“,најави Анѓушев, но се планира во овој искористен рудник каде што има соодветна инфраструктура да се продолжи со инвестиции преку јавно –приватно партнерство и да се изградат фотоволтаици со моќност од 100 мегавати .
Двтон Крешник Бектеши-министер за економија
Со изградба на планираните обновливи извори на електрична енергија од 200 мегавати во фотоволтаици земјата ќе ја намали зависноста од увоз на електрична енергија од сегашните триесеттина проценти од вкупните потреби за 5 до 10 процентни поени ,најави вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
Свето Николовски
