УЧИЛИШТЕН ИНФОРМАТОР

Игри без граници

17.10.2019 09:54

Игрите без граници се одржуваат традиционално, тие се можност за другарување, за негување и за поттикнување здрав спортски живот кај децата од најмала возраст

Градинката ЈУДГ „Детска радост“ од Скопје беше  домаќин на  традиционалните Игри без градиници што се организираат секоја година во рамките на Детската недела. Оваа година игрите без граници се реализираа под мотото „Имам право на среќно детсво“ а зедоа учетвуво  200 деца од постарите воспитни групи, од 5-6 години, од градинките:

ЈУДГ„Детска радост„ Гази Баба

ЈОУДГ „Ангел Шајче“ Куманово

ЈОУДГ„Астибо“ Штип

ЈОУДГ „Детелинка“ Крива Паланка

Игрите без граници се можност за другарување, за негување и за поттикнување  здрав спортски живот кај  децата од најмала возраст и очигледно наидуваат на неизмерна радост и задоволство на сите.

Директорката на градинката  ЈУДГ „Детска радост“ од Скопје Сузана Стамова истакна:

Секое дете има право на среќно детство!

А детството значи неограничена игра и забава со многу, многу љубов и внимание , радост и среќа!!!

Детските игри се едно особено царство на игри без граници, колку и да има влијание современиот начин на живот, децата не смеат да ја заборават играта. Со игра  децата растат и го учат животот

Децата учесници во игрите, весело потскокнуваа од еден на друг од објектите предвидени за натпреварување.

Со игра и со песни , со многу возбуда, ракоплескања и подавање раце за поздрав дечињата ги покажаа своите таленти и вештини.

Игрите беа испланирани и подгтвени од Стручниот соработник по физичко воспитание  и педагогот на градинката во соработка со Факултетот за Физичка култура  и здравје, а свој придонес во реализацијата дадоа воспитните тимови на градинките учесници.   Игрите ги Отвори Градоначалникот на Општина Гази Баба г-дин. Борис Георгиевски.

Подготви

Радмила Гиевска