КАМПАЊА

Недела на борба против гладот

17.10.2019 12:26

Кампања под мотото „Помислете и на нас“ во период од 16 до 22 октомври

По повод Неделата на борба против гладот Републичкиот Црвениот крст организира кампања под мотото „Помислете и на нас“ со која  се вклучува во глобалните акции за борбата против гладот. Во период од 16 до 22 октомври во  рамки на кампањата ќе се спроведат низа хуманитарни активности како придонес во севкупните напори за намалување на сиромаштијата и социјалната исклучениот на граѓаните. Всушност тоа е една од главните цели на Стратегијата- документ  кој ја отсликува интенцијата на Република Северна Македонија за изедначување на степенот на вклученост и добросостојба низ сите слоеви од општеството.

“ Преку кампањата ќе влијаеме на покренување на општото мислење на јавноста за проблемите на сиромаштијата како и на изнаоѓање на фондови за помош на ранливите лица. Средствата донирани во хуманитарните акции во кампањата наменети се за обезбедување на храна за помош на лица во социјален ризик”, потврдуваат од Црвениот Крст.

16-ти октомври е светски ден на храната, ден посветен на справување со гладта. Целта е да се подигне свеста на луѓето за проблемот со гладот како глобален проблем, а фокусот на денот е храната како основно човеково право. Организацијата за храна и агрикултура при  Обединетите нации проценува дека во светот 820 милиони луѓе живеат со хроничен глад, 60% жени и речиси пет милиони деца под петгодишна возраст умираат поради хронична ненахранетост. Во нашата земја, според официјални податоци на Државниот завод за статистика, стапката на сиромашни лица изнесува 22,2 проценти,  стапкатата на сиромашни вработени лица е 9.0 %, додека стапката на сиромашни пензионери е 7.7 %. По тој повод, пред х. Мериот на 16-ти октомври,  од 10:00 до 15:00 беше поставен штанд на Црвен крст на град Скопје  каде хуманите граѓани , општествено одговорни компании можеа да оставаат донации на храна.

Во рамките на кампањата се организираат и други  хуманитарни акции за обезбедување донации во парични средства и храна во соработка со стопанските комори во Република Северна Македонија, во соработка и поддршка  на компании, со  образовно - воспитните институции, здруженијата на граѓани и  граѓани. Овие активности ќе се имплементираат во текот на Неделата од 16 до 22 октомври 2019 година преку општинските организации на Црвен крст и Црвениот крст на град Скопје.Донациите можат да се уплатат на сметката на Фондот на солидарност на Црвениот крст на РСМ 300000001327966 Даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка Скопје,како и 100ден. прекумобилните телефонски броеви: 

070/075/077 143 400.

Донираните средства од хуманитарните акции ќе бидат наменети за обезбедување на храна за помош на ранливи целни групи на население во заедниците во земјата.

 

Јасмина Никова