Меѓународна ликовна колонија
Центар за култура „Антон Панов“ Струмица

Меѓународната струмичка ликовна колонија е една од најстарите ликовни манифестации во земјава и на Балканот. Културно обележје на градот кое годинава го имаше своето 56 издание. Досега била домаќин на повеќе од 1200 ликовни творци од земјава и светот а располага со фонд од преку 2500 дела работени во повеќе ликовни техники.Сите дела од годинешното издание се изложени во центарот за култура Антон Панов во Струмица.
...„ За овие изминати 56 години, ликовната колонија има богата збирка. Тука спаѓаат слики, скулптури, фотографии, цртежи и графики. Колонијата не ги обврзува уметниците тематски, туку имаат комплетна слобода во изразувањето. Веќе се подготвуваме за новото издание каде повторно ќе ги размениме своите искуства. Како културен центар сме посебни, затоа што веќе 26 години тука функционира и студиото за современ мозаик.“, изјави Александар Филев- раководител на ликовно галериска дејност при центарот за култура „Антон Панов“- Струмица
Струмичката ликовна колонија е една од најзначајните меѓународни културни содржини кои ја мапираат Струмица како значаен културен центар во земјава. Размената на искуства со бројните автори кои се дел од ова колонија, му даваат трајна естетичка и уметничка вредност на градот
Анита Никушева - Јованчев
