Трамп: Границата меѓу Турција и Сирија не е наша
Претставничкиот дом изгласа резолуција против одлуката на Трамп

Претставничкиот дом на САД изгласа двопартиска резолуција против одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за повлекување на војската од Сирија. Конресмените го повикаа, бараат заштита на курдите и прецизен план за борбата против Исламска Држава. Потпретседателот Мајк Пенс и државниот секретар Мајк Помпео во посета на Турција.
„Не сум полициски агент, границата не е наша“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп обидувајќи се уште повеќе да се огради од конфликтот во североисточна Сирија. Не го менува ставот дека воените единици мора да го напуштат регионот поради, како што вели, „бесмисленоста на бесконечните војни на Блискиот исток“. Штедлив на пофални зборови е и за Курдите – неговите некогашни сојузници на фронтот против Исламска држава. Но потсети дека имале продуктивна воена соработка за што одвоиле значителна сума пари, за да ги поразат терористите.
Доналд Трамп - Претседател на САД
Тие имаат проблем со Турција, со границата, тоа не е наша граница. И не треба да губиме животи поради тоа. Следиме и преговараме да ја убедиме Турција да постапи правилно, бидејќи сакаме да запрат војните, независно од тоа дали Американците се дел од нив или не.
Претставничкиот дом во Вашингтон, вклучувајќи и 129 републикански конгресмени, изгласа резолуција со која се отфрла одлуката за повлекување на силите од Сирија.
Ненси Пелоси - Претседател на Претставничкиот дом
354 наспроти 60 конгресмени гласаа против акциите на претседателот Трамп во Сирија. Од него се бара да ги натера Турците да покажат воздржаност за Курдите да добијат хуманитарна помош. Таму се убиваат деца. Најважно од сè е што се бара јасен план за нашата борба против Исламска држава.
Сириските сили на претседателот Башар ал Асад контролираат стратегиски позиции на северната граница. Тие склучија договор со Курдите по стартувањето на воената операција „Извор на мирот“ на претседателот Реџеп Тајип Ердоган кој се обидува да го исчисти регионот од терористичките единици во кои ги вборјува и Курдите. Вашингтон веќе воведе санкции против неколку министерства на Анкара.
Реџеп Тајип Ердоган - Претседател на Турција
Турција никогаш не извршила масакр врз цивилно население, и нема да го стори тоа. Верата и културата нема да го дозволат тоа. Тоа е всушност историјата на оние кои нè обвинуваат нас за крвопролевање.
Ердоган сака трите милиони бегалци од Сирија да се вратат во т.н. „сигурна зона“ за да не бидат товар на Турција. Тој и се закани на Европската Унија дека ќе ги прати сите на Запад доколку му ја попречат мисијата. Унгарија предупреди дека во таков случај ќе употреби сила на границата со Србија.
Во 2016 година, Анкара потпиша миграциски договор со Брисел за запирање на мигрантскиот бран кон Стариот континент во замена за помош од милијарди евра и политички концесии од ЕУ.
