Отворен ден за Креативна Европа Култура и Медиа на Синедејс 2019
Креативна Европа Култура и МЕДИА Деск МК во соработка со филмскиот фестивал „Синедејс“ во петок во 12 часот во МКЦ, ќе одржат отворени презентации на тема: „10 најчести прашања и одговори“ - поврзани со новите повици на МЕДИА, критериумите за аплицирање и можностите за учество на тренинг програми, ,,Европски филмски предизвик2020 “– промоција на проект поддржан од МЕДИА преку македонската партнерска организација ,,Блинк 42/21,” „Проекти за соработка- Креативна Европа Култура“ и „Примери на добра пракса“- пот-програма Култура.

Настанот ќе биде отворен за јавност и покрај директни претставници на аудиовизуелниот сектор и култура, Креативна Европа Култура и МЕДИА Деск МК покануваат и приватните компании, фондации, општини, универзитети, студенти, невладини организации и медиуми да присуствуваат за да се запознаат со сите потенцијални можности на Креативна Европа. Програмата Креативна Европа МЕДИА го поддржува европскиот аудио-визуелен сектор преку 12 шеми за ко-финансирање кои во моментов се отворени за аплицирање. МЕДИА и оваа година акцентот го става на поддршка за тренинзи на професионалци, поддршка на филмски проекти со потенцијал за интернационална дистрибуција како и иновативни бизнис модели за онлајн циркулација на аудиoвизуелните дела.
