,,Направено за среќа” во сабота во кино Кутура
Во рамки на програмата „Уметност Политика Институција Тело“во кино Култура, на 19 октомври во 20 часот ќе биде изведен перформансот ,,Направено за среќа”(“Made for Happiness”) на Ива Свештарова и Вили Прагер

За перформансот.,,Направено за среќа” (“Made for Happiness”) е коментар за односот кон среќата, поттикната од современата култура. За создавањето на нивниот перформанс, ,,среќно шоу’’ авторите Ива Свештарова и Вили Прагер изучуваат различни прирачници, тестови и веб- страници за мерење на среќата, документарци и научни трудови. Сето ова ги натера да разберат дека покрај емотивната состојба, и среќата станува продукт со многу јасна формула и слика. Значи, таа може да биде прашање на конкретни практики. Уметниците се соочуваат со предизвикот да произведат среќа на сцената. За таа цел тие се опремени со стресни топки, шампањ и други пријатни стимули. Перформансот,,Направено за среќа” е добитник на националната награда ИКАР - Национална театарска награда 2019 во категоријата Современ Танц и Перфроманс
