Училиште за 21 век
ОУ „Тодор Ангелевски“ доби признание за „Училиште за 21 век“ ,Проектот кој им овозможува на наставниците да преминат од еднонасочна комуникација со учениците, каде што тие зборуваат за лекциите, а учениците пасивно слушаат, до улога на модератор, кадешто самите деца истражуваат, создаваат, програмираат и работат во тимови.

Важноста на образованието е немерлива бидејќи не само што влијае на развојот на децата во добри луѓе, туку ги подготвува и со знаење и со вештини потребни за иднината во која ќе живеат и работат.
Наставниците, исто како и учениците, мора постојано да учат и да се приспособуваат на предизвиците на новото време. Работата со микро:бит уредот, додека во прв план е предизвик, всушност ги дополнува лекциите и ја освежува наставната програма што ја предаваат.
ОУ „Тодор Ангелевски“ доби признание за „Училиште за 21 век“ ,Проектот кој им овозможува на наставниците да преминат од еднонасочна комуникација со учениците, каде што тие зборуваат за лекциите, а учениците пасивно слушаат, до улога на модератор, кадешто самите деца истражуваат, создаваат, програмираат и работат во тимови.
Директорката на училиштето Љубица Стерјева информираше за формирање на клубот за кодирање во којшто четириесеттина деца два пати во нeделата работат на проектот. Координатори на проeктот се одделенските наставници Весна Гагаловска, наставничката Слаѓана Бојаџиева и наставникот по информатика Љупчо Божиновски.
Она што се истакнува кога децата работат со микро:бит уредот е дека тие се повеќе насочени кон лекциите, покреативни се и самото учење е позабавно. Веруваме дека начинот на којшто работат, што истовремено бара спојување информации од повеќе предмети за да се реши еден проблем, е значително поголем предизвик и затоа е поинтересен за нив.
Децата покажаа високо ниво на подготвеност да научат нови вештини. Прекрасно е да се види колку се посветени да ги искористат своите идеи во реалноста, а особено затоа што се обидуваат да најдат практични решенија за проблемите во реалниот живот.
Соработката со Британскиот совет Амбасадата на Велика Британија е многу значајна, бидејќи микро:бит уредите беа воведени во училиштата во Велика Британија во 2016 година и веќе во 2018 година проектот започна да се спроведува и во Македонија и беа споделени со наставниците во ОУ „Тодор Ангелевски “-Битола. Од најголема важност е ученици, исто така, да имаат можност да ги запознаат наставните алатки што ги користат децата во Велика Британија, бидејќи ова го отстранува дигиталниот јаз меѓу нив и им дава исти можности за работа во иднина.
Подготви
Радмила Гиевска
