Признание просветен работник на годината
Исправени пред низа предизвици, истовремено како истражувачи и иноватори –учителите преку своето делување се главна моќ во образовниот процес на учениците.

По повод 5-ти октомври светскиот ден на учителите беа доделени 7 признанија за просветен работник на годината за активностите кои секој од нив ги исполнува во својата дејност. Да се биде учител е привилегија но и голема обврска.
...„ Учителот е еден модел кој треба на позитивен начин да влијае врз формирање на личноста на младите генерации. Тој треба да ги насочува, поттикнува и да им пренесува знаење“, изјави Лидија Николовска-Георгиевска претседателка на созујот на просветни работници на РСМ
Интерактивно учење, нови методи и размена на искуства беа мотив за наградените и во иднина да работат на своето надоградување.
...„Во иднина планираме научна манифестација за практиката во основното образование на тема: Поставеноста на воспитно образовните установи во РСМ“, изјави Раско Лозаноски – претседател на комисијата
Природните науки се секогаш привлечни за учениците, а особено кога се работи со многу љубов и енергија, успехот е неизбежен. Да се долови светот на науката во училница а од таму да излезат многу наградени ученици, значи дека учителот ја постигнал целта.
...„ Дел од часовите ги одржуваме во дворот на училиштето. Повеќе нема класичен час, имаме експерименти, истражуваме и користиме информатичка технологија“, изјави Биљана Илиева – проф. по биологија ООУ„Св. Климент Охридски“ Драчево
Без квалитетен наставен кадар нема квалитетно образование. Образованието е нашата надеж, иднина и водилка кон позитивни промени.
Анита Никушева- Јованчев
