Ретроспективно-монографска изложба на Реџаи Исени
Вечерва во Уметничката галерија во Куманово ќе биде отворена ретроспектовно-монографската изложба на Реџаи Исени , кој е роден 1939 г. во с.Матејче и целиот живот го поминал во родното село се до неговата смрт во 2018 г.

Завршил Учителска школа во 1958 г., а Педагошка академија 1965 г. во Скопје во класата на Вангел Коџоман. Неговото творештво од крајот на шеесеттите години припаѓа на кубизмот. Иако со високи естетски вредности, тоа не е доволно познато и афирмирано, поради што со посеопфатно претставување преку ретроспективно-монографската изложба ќе се направи обид да си го завземе заслуженото место и улога во тековите на нашата современа уметност и да се доближи до популарноста која ја имаат авторите со албанско потекло како Омер Калеши и Адем Кастрати.
За творечкиот опус на авторот е објавена и монографија со текст на историчарот на уметност и сликар Гоце Божурски кој го има истражувано опусот на Реџаи.
Автор на изложбата е Гоце Божурски.
