ЗЛАТНА ЛИРА

Концерт на пијанистката Даница Стојанова на фестивалот „Златна лира“

18.10.2019 12:12

Вечерва во рамките на фестивалот за камерна музика „Златна лира“ ќе се претстави македонската пијанистка Даница Стојанова во Музејот на револуционерната борба .

На програмата се дела од Ристо Аврамовски, Јана Андреевска, Томислав Зографски, Гоце Коларовски  и Фредерик Шопен.