ЕВРОПСКИ СОВЕТ

Историска грешка е непочнувањето прегоовори со Северна Македонија и Албанија

19.10.2019 17:55

Туск и Јункер: разорачани сме од неподготвеноста на неколку земји-членки за проширување

Европскиот совет без договор за  датум за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија. Првите луѓе на Советот и Комисијата во Брисел со разочарување констатираа историска грешка е што Европската унија не почна преговори и што се одложи одлуката поради неподготвеноста за проширување на неколку земји-членки..

Доналд Туск-Претседател на Европскиот совет

„Мнозинството земји-членки сакаа да се отворат преговори со Северна Македонија и Албанија, но таква одлука бара единство, а немаше. Одлуката останува до самитот во 2020-та. Северна Македонија и Албанија не се виновни за ова. Двете земји направија што баравме, имаат право да почнат преговори уште денеска, но за жал неколку земји-членки не се подготвени. Мислам дека ова е грешка. Да испратам порака до Северна Македонија и Албанија, Ве молам не откажувајте се , ја разбирам вашата разорачаност зашто направивте се, а ние не. Без сомневање еден ден ќе бидете дел од ЕУ.“

Претседателот на Европската комисија која даде десет позитивни препораки за преговори на земјава со ЕУ, изрази разорачаност од исходот на Советот во Брисел.

Жан-Клод Јункер-Претседател на Европската комисија

„Разорачани сме од резултатот за проширувањето. Пред пет години кога почнав на функцијата Претседател на Европската комисија реков дека за мојот мандат нема да има проширување и тогаш имаше разочараност кај земјите од Западниот Балкан. но сега е поинаку, има напредок. Вчера не расправавме дали двете земји се подготвени, туку дали се кандидати на ниво да почнат преговори. Сметам дека беше историска грешка што не почнавме преговори.“

Првите луѓе на Советот и Комисијата на крајот од својот мандат упатија порака до земјите кандидатки да не се откажуваат за членство во ЕУ, а до земјите-членки дека е нивна лична обврска догодина да го испорачаат ветеното на Северна Македонија и Албанија.