ЈАБОЛКО

Јаболко

18.10.2019 14:33

Јаболкото е крал не само на зимските овоштија туку на сите годишни доба. Во многу култури се смета за еликсир на животот.

Рајското овошје поради кое Адам и Ева влегле во грев, се наоѓа речиси на врвот на пирамидата на овоштија, а припаѓа на родот на ружите... Гледајќи како паѓа јаболкото од дрвото Исак Њутн го открил законот на гравитацијата. Јаболкото на раздорот е синоним за конфликти, зашто според Грчкиот мит синот на богот Зевс- Парис поради кавгата за златното јаболко ја добил убавата Елена ама затоа ја предизвикал Тројанската војна. Јаболковиот цвет во Кина е симбол на убавината и на мирот Според скандинавската митологија боговите јаделе само јаболки за да се вечно млади. И Келтите јаболкото го сметале за посебно овошје, зашто тој што ќе изедел јаболко од волшебната градина никогаш не се разболувал и не стареел. И на Римјаните им било омилено овошје. Тогаш биле познати 30-тина видови овошје, во 16 век се знаело за 200 сорти а денеска се смета дека се меѓу 8 и 10 000. Стеблото на јаболкото е најкултивирано вкрстувано и калемено на светот. Се смета дека потекнува од јужен Сибир, средна Азија и источна Европа, а проширено е буквално низ цел свет.

Јаболкото е симбол на здравје, убавина и љубов. Поради своите раскошни корисни својства, палета на  вкусови, комбинации, Како ретко кое овошје има свој меѓународен ден, На јаболкото му се посветени многу стихови и легенди, приказни, користено е  како симбол за многу работи па и компании. Слатки, кисели, тврди, меки и сочни, со разни бои и нијанси, вкусови Таа е меѓу првите овоштија што луѓето ги култивирале и се важен дел од исхраната со илјадници години. Се смета дека свеста за јаболкото како ризница на здрави состојки е стара приближно 11 000 години. Најкорисна е да се јаде сирова, но и печена и варена, како компот, се прават сокови, желеа, мармалади, десерти, а особено е ценет и корисен јаболковиот оцет. Велат едно јаболко на ден е како доктор за вашиот организам, Еве неколку причини зошто треба да се јаде секој ден барем по едно јаболко- ЈАБОЛКОТО е полно со витамините А ,Б1, Б 2, Б6, Ц, бета каротен, влакна, калциум, калиум, фосфор, железо, магнезиум,. 85% до 90% е вода затоа освежува и ја прекинува жедта. Го јакне имунитетот, Делотворна е во борбата против вируси, бактерии, добра е како превентива за настаинки, успешно делува против  затвор и дијареа. ЈАБОЛКОТО Е ДОБРО И ЗА функционирање на црниот дроб, бубрезите  и ЖОЛЧКАТА, Богатотото присуство на калиум ја прави извонреден природен диуретик па затоа е вклучена во многу диетални програми.

 1Поради влакната се намалува ризикот од Паркинсонова болест,

2 го намалува ризикот од тумори., особено на црн дроб, дебело црево и на дојки,

.4 свежо цеден сок од јаболки може да биде многу успешен за подобрување на памтењето. Богатата палета витамини минерали влакна го забавуваат стареењето на клетките, особено на мозочните, помагаат за исфрлување на токсините. Со јаболките се намалува и ризикот од дијабетес. Го намалува и нивото на холестеролот. Во устата има изразени антимикробни својства, ги јакне и чисти забите, ги уништува штетните бактерии. Ги намалува проблемите со дишните органи Младите фиданки од јаболкото се корисни за болки во коските,, пупките против главоболки, грчеви и затвор. Во јаболкото има серотонин познат како хормон на среќата. Во неговата лушпа има пектин кој на себе ги врзува сите токсини и помага цревата да се ослободат од нив. Многуте научни истражувања докаже дека се намалува и крвниот притисок до 37%. , а флавоноидите ги штитат срцето и крвните садови. Најголеми извозници на јаболка во светот се Русија, САД, Германија, Италија и Франција. Во Македонија успева во избилство, најмногу во преспанскиот охридскиот и полошкиот регион. И има уште многу нешта поврзани со јаболкото, ама ова е доволно за да ви стане секојдневна друшка.