УЧИЛИШТЕН ИНФОРМАТОР

Современ пластеник, донација од Чешката Република и Балканска фондација за одржлив развој.

21.10.2019 09:35

Пластеникот ќе послужи учениците практично да ги применат стекнатите знаења и да работат во современи услови.

Учениците од земјоделската струка во СУГС „Браќа Миладиновци“, во Кисела Вода, во рамките на проектот „Промоција на органското производство во средните стручни училишта“ добија современ пластеник, донација од Чешката Република и Балканска фондација за одржлив развој..

Во пластеникот се поставени  системи што ќе им ги обезбедат на растенијата потребните услови.

Пластеникот е покриен со плексиглас. Во него има единици за регулирање на топлината, на светлината и  на релативната влажност на воздухот. Температурата ќе се регулира со парно греење , во пластеникот има инсталирано вентилатори за регулирање на температурата и на релативната влажност на воздухот. Инсталиран е современ систем за наводнување ,,капка по капка,

Во пластеникот ќе се врши производство на градинарски и на цвеќарски култури. Ќе служи  како за сезонски цвеќиња ,така и за производство на повеќегодишни декоративни растенија.

Пластеникот ќе послужи учениците практично да ги применат стекнатите знаења и да работат во современи услови.

 

Подготви

Радмила Гиевска