САД и Русија во економска војна-во случај на санкции Москва го отфрла доларот
Претседателот на САД Барак Обама и порача во понеделникот на Русија дека стои на погрешна страна од историјата кога станува збор за Украина...

Доколку Соединетите Американски Држави (САД) и наметнат санкции на Русија поради Украина, Москва ќе биде приморана да го отфрли доларот како резервна валута и да одбие да исплаќа кредити на американските банки, изјави советникот во Кремљ, Сергеј Глазијев.
Тој порача доколку Вашингтон ги замрзне банкарските сметки на руските бизнисмени и поединци, Москва ќе им препорача на сите кои поседуваат американски обврзници да ги продадат, пренесе Reuters.
Претседателот на САД Барак Обама и порача во понеделникот на Русија дека стои на погрешна страна од историјата кога станува збор за Украина, и дека потезите на Москва претставуваат кршење на човековите прави.
Обама на новинарите им рече дека САД разгледуваат можност од економска и дипломатска изолација на Русија.
