КИНО КЛУБ
Академски кино клуб – Скопје
21.10.2019 11:39
Филмска вечер за 60 годишниот јубилеј

Академскиот кино клуб од Скопје, 60 годишниот јубилеј од основањето ќе го одбележи на 25 и 26 октомври во Кинотеката на Македонија, со две филмски вечери. Првата филмска вечер ќе биде прикажан првиот снимен филм од страна на членовите на клубот со наслов „ПРВ ДАВАМ КАМЧЕ“. На филмската вечер ќе бидат прикажани и повеќе кратки филмови направени од страна на е членови низ 60 годишното постоење на АКК-Скопје.На втората вечер членовите на ГФР филм-видео клубот од Пожега, Хрватска, ќе се претстават со ревија од филмови од Хрватски фестивал на едноминутни филмови. Влезот за двете вечери е слободен.
