Меѓународен турнир во пливање „ 13-ти Ноември“
Традиционален спортски настан

На традиционалниот спортски настан, кој се организираше во пресрет на одбележувањето на денот на ослободувањето на Скопје (13-ти Ноември) во организација на пливачкиот клуб „Бета Шаркс“, со поддршка од Општина Карпош. се одржа осмото издание на меѓународниот турнир во пливање. На дводневниот пливачки турнир учествуваа натпреварувачи од земјава, соседните држави и регионот.
Турнирот го отвори градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, кој на учесниците им посака спортски успех и уште многу учества на пливачките турнири.
...„ Како локална самоуправа навистина многу инвестираме во спортот, во подобрување на спортската инфраструктура. Доделуваме стипендии на ученици – спортисти, а меѓу нив има и пливач(к)и. Исто така, во постапка сме за изведба на еден училишен, затворен базен во „Јан Амос Коменски“, изјави Богоев.
Турнирот започна со трка на лица - деца со попреченост, кои само уште еднаш потврдија дека спортот не познава граници и бариери.
Потоа продолжија натпреварувањата и во другите дисциплини.
Интензивно се работи на обновување на училишните сали и игралиштата во општината. Примарна цел е да се создадат подобри услови за спортување, што би резултирало со остварување на подобри резултати на спортистите, како на домашно така и на меѓународно ниво.
Анита Никушева-Јованчев
