МИЛЕНИЧИЊА

Домашни миленичиња чувари на здравјето или чудесни исцелители

21.10.2019 15:47

За вистинско здравје треба да се позанимаваме со исцелување на нашето емоционално и ментално ниво, а не само на телото.

Многу научни истражувања покажале дека за оздравување многу можат да ни  да ни помогнат домашните миленичиња, особено  кучињата и мачињата.  


Според бројни светски истражувања, домашните миленичиња  имаат позитивно влијание и чудесен исцелителен ефект токму на емоционалното, на менталното и на физичкото здравје на луѓето.
Меѓу другото, утврдено е дека сопствениците на мачки и на кучиња многу помалку посетуваат лекари, голтаат помалку таблети од луѓето што имаат исти болести, а немаат домашно милениче.
Луѓето што чуваат животни многу помалку се подложни на стрес и на последиците од него.  Близината и обврската за домашното животно кое дели со вас простор време , храна , го поправа и расположението, не чини и поведри и поопуштени. Всушност така доброто расположение е предуслов и за подобро здравје.  Добробитта од соживотот со мачиња и кучиња е повеќекратна. Членовите на семејствата со домашни милиленичлиња се поповрзани меѓу себе , побрзо ги решаваат конфликтите. Овие животни ја исполнуваат нашата потреба за физички допир и за мазење, што особено им недостасува на старите и осамени луѓе. Правени се и експерименти во домови за стари лица и во психијатриски установи каде се забележани значително позитивни влијанија на животните врз здравјето и расположението на луѓето таму.  И закрепнувањето на луѓето по болнички престој е побрзо со животни.
Во што е тајната на исцелувачата моќ на животните . Тајната на кучињата и на мачките делумно се крие во нивната способност за поттикнување на нашите позитивни емоции што всушност го забрзува оздравувањето. Но тоа не е се. Нивната присутност многу поволно делува на нашиот организам. Според истражувањата на австралискиот институт Baker Medical Research,  спроведено на 6 000 примероци, потврдено е дека оние со домашни миленичиња имаат понизок крвен притисок и пониско ниво на холестерол во крвта, па според  тоа се помалку подложни на  инфарктни состојби.
Луѓето кои имаат кучиња се принудени повеќе да се движат и да бидат на свеж воздух, што е добро за здравјето. Лигавицата на кучињата содржи ензим -лизизим кој унуштува повеќе бактерии ,па раните побрзо зацелуваат. Што се однесува пак на мачките фреквенцијата што ја произведуваат со нивното предење, ги поттикнува против воспалителните хемикалии во телото, што ги намалуваат воспалинителните процеси во телото на сопственикот  на мачката. Оваа иста фреквенција делува против сите видови болки. Ако мачката лежи до главата на човек што има мигрена, болката значително се ублажува или исчезнува. Ова се сведочења на многу испитаници.
Забележливо е дека мачките никогаш не заболуваат од болести на коските и на зглобовите, како и на срцето и на дишните патишта. Тие сами себе се исцелуваат со своето предење. А не само себе си туку и сите домашни . Докажано е дека и по хируршки интервенции на коските луѓето побрзо закрепнуваат  ако извесно време во денот ја држат мачката во скутот или во прегратка. Мачката ја собира сета негативна енергија од домашните и таа може да се здебели, тоа не е поради многу храна туку поради енергијата. Затоа некогош е подобро да се имаат повеќе мачки.  Проф. по биологија Роналд  Даглас од Сити Универзитетот од Лондон,  докажал дека мачките, кучињата, елените и некои други животни можат да видат рефлексија од ултравиолетовото зрачење. Може да видат работи што ние не ги гледаме. Па така може и да не заштитат од многу работи кои ги гледаат пред ние да ги видиме или воопшто не можеме да ги видиме. Фреквенцијата на предењето на мачките  има големо влијание на сите со дишни проблеми, Особена корист имаат астматичарите. Мачкината терапија е корисна за многу состојби и заболувања. Пример стрес, несоница, ревматски болки, висок крвен притисок, болести на желудник, црн дроб, бубрези. Значи сите истражувања и сведочења покажуваат дека квалитетот на животот на луѓето со животни е многу поголем. Тие се поздрави и порасположени.

Соња Стојановска