РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА

Бензините неделава со пониски цени

21.10.2019 13:31

Горивата поевтинуваат од полноќ, соопшти регулаторната комисија за енергетика..

Направена е новата пресметка што ќе важи неделава.. Цената на бензинот од 98 октани се намалува за 1,5 денари и ќе изнесува 68,5 денари за литар.. За 1 денар поевтинува и 95-октанскиот бензин, па од полноќ ќе се точи за 66,5 денари.. Цените на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство остануваат непроменети, а поевтинува мазутот.. Во просек, малопродажните цени се пониски за 1,16 проценти поради поевтинувањето на нафтата на светските берзи и понискиот курс на денарот во однос на доларот..