МНР изрази загриженост поради украинската криза

04.03.2014 11:37

Република Македонија повикува на преземање на сите неопходни мерки за итно смирување на тензиите, како и на потребата од воспоставување политички дијалог за сите проблеми со кои се соочуваат граѓаните на Украина, а за чие решавање е неопходно инволвирање на сите засегнати страни.

Република Македонија повикува на воздржаност и одговорност во овие кризни моменти за Украина, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Македонија за кризата околу Украина.

Од МНР истакнуваат дека ескалацијата на насилствата во последните неколку недели претставува извор на голема загриженост.