УЧИЛИШТЕН ИНФОРМАТОР

Одбележување на Меѓународниот ден на храната

22.10.2019 10:57

Преку интерактивна презентација насловена како “Здрава храна –Здрави деца” учениците од ги запознаа родителите со неопходните материи за здраво тело, која храна им е соодветна, која храна треба да се избегнува во текот на исхраната , а која да се претпочита.

„Меѓународниот ден на храната” и оваа година беше одбележан во училиштето „Дане Крапчев“.  Традиционално се одржа предавање и куса дебатна сесија  на тема “Здрава храна” кое го реализираа  учениците од 7 одделение под менторство на наставникот по биологија.Оваа година Еко - тимот и Тимот за соработка со родители реши предавањето и кратката презентација  да биде наменета за родителите. По тој повод беа повикани родители од сите паралелки во училиштето. На големо задоволство одѕивот на родители беше голем. Преку интерактивна презентација насловена како “Здрава храна –Здрави деца” учениците од 7 одделение  ги запознаа родителите со неопходните материи за здраво тело, која  храна им е соодветна, која храна треба да се избегнува во текот на исхраната , а која да се претпочита. Потоа учениците преку кратки пораки им дадоа совети на родителите што треба да ги практикуваат. На крајот на презентацијата сите заедно гледаа кратко видео што ги потикна наставниците и учениците да бидат хумани. Во периодот од 16 до 22 Октомври  се организира  добротворна акција за собирање храна која ќе им биде донирана на социјално загрозени семејства.

Учениците вклучени во активноста се:

Ангела Анѓелкоска, Нина Ристиќ, Јована Деаноска, Матеј и Андреј Крстевски, Кристина Тасева, Дона  Тасева, Матеј Спасовски и Теодора Цветковска

Училиштната кампања за здрава исхрана има цел да придонесе за подигање на свеста за здравата храна и  за важноста на правилната исхрана во перидот на растење и развој кај децата.

Еко - тимот и Тимот за соработка со родители е благодарен за одвоеното време и за присуството на родителите.

 

Подготви

Радмила Гиевска