АХВ

Олеснување на трговијата со храна

22.10.2019 10:32

Земјите членки на ЦЕВТА бараат начин да се олесни меѓусебната трговија на овошјето и на зеленчукот.

Со намалување на  граничните формалности целта е да се обезбеди усогласеност на контролите за безбедноста на хтраната без дополнително оптоварување на трговските компании.

Се бара начин за олеснување на трговијата со овошје и зеленчук меѓу земјите членки на ЦЕФТА во согласност со европските регулативи.

Преку намалување на граничните формалности во трговијата, целта е да се обезбеди усогласеност на контролите за безбедност на земјоделските производи и од страна на официјалните власти да се избегнат дополнителните оптоварувања  за операторите со храна.

Намалениот обем на контролите на граничните премини засновани на проценка на ризикот на пратките со производите и преработките од животинско потекло и добиточната храна веќе се предмет на мониторинг во некои од земјите, врз основа на кој е направена и редукција на процедурите. Од друга страна пак, проценките на ризикот во фитосанитарниот, односно растителниот сектор, се во рана фаза на имплементација

Усогласувањето на санитарните и фитосанитарните сертификати е во насока на создавање услови за фер и ефикасна соработка и олеснување на процедурите при увозот и извозот, скратување на времето на задржување на граница и намалување на трошоците на компаниите при транспортот.