Естраден магазин што и натаму освојува

5 години Бекстејџ

06.11.2013 22:17

Петтиот роденден прославен гламурозно - појдоа од македонската телевизија со сопствен автобус и пристигнаа во музејот на националната борба за независност

1256 емисии за пет години – Бекстејџ слави роденден.. Естрадниот магазин ги следи најдобрите и најуспешните во земјава и во светот, па потоа ги носи во нашиот дом.. ,,Во недостиг на домашна продукција и наплив од сапунски серии, Бекстејџ беше светло на крајот од тунелот.. Сакајте не, мразете не.. Дневно во просек не гледаат над 200.000 гледачи низ цела Македонија,, рече уредникот Александар Алажевски..

 Александар Блажевски-уредник на естрадниот магазин “Бекстејџ”

Бекстејџ стана препознатлив македонски бренд на сите фестивалски случувања -  Егзит, Кан, Берлинале.. Зизи Топ, Фејтлес, Пол ван Дајк, Фифти Сент се само мал дел од имињата до кои дојде новинарскиот тим на овој магазин.. Имаат многу случки на кои се горди или пак ги засмејуваат..

 Драгана Чуприна, вителка на естрадниот магазин “Бекстејџ”                             

Од лани овој естраден магазин, доделува и награди за најуспешните.. оваа година 2  награди за Македонската телевизија - успешниот минатогодишен скопски фестивал и новиот проект сите наши песни.

Мери Попова, уредник на забавна редакција на МРТВ

Петтиот роденден го прославија гламурозно  - појдоа од македонската телевизија со сопствен автобус и пристигнаа во Музејот на националната борба за независност.. Честитки добија од личности од филмот, театарот, политиката.. 

Александра Перевска